Поевтинува парното
31.07.2015 14:24
Во претстојната грејна сезона корисниците на БЕГ бесплатно ќе добијат плус еден час греење односно, наместо од 6 до 21 часот ќе имаат парно од 6 до 22 часот...

За 0,19 отсто се намалува цената на парното греење што го обезбедува Балкан Енерџи Груп (БЕГ), а за 0,86 проценти парното на ЕЛЕМ енергетика. Надоместокот за греење од Скопје-Север останува ист како лани.
Директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров, соопшти дека цената се намалува и за исклучените потрошувачи, за 0,75 отсто.
Во претстојната грејна сезона корисниците на БЕГ бесплатно ќе добијат плус еден час греење односно, наместо од 6 до 21 часот ќе имаат парно од 6 до 22 часот.
Новина е тоа што за евентуално порано почнување на грејната сезона, репер ќе бидат прогнозите на УХМР, а не како досега реалното мерење на температурата два дена однапред.
