Градежниците со полни раци работа, Скопје добива нов урбанистички симбол
Со инвестиција од 20 милиони евра, во општината Кисела Вода ќе се реализира најголемата домашна инвестиција во високоградбата. Поволната бизнис клима според бизнисменот Чифлиганец овозможи градежниот сектор да биде стожер на економијата...

Градежниците со полни раце работа. Се гради речиси во сите општини во Скопје. Покрај висококатниците на турскиот инвеститор, метрополотата добива и здание во теркот на њујоршката урбанистичка икона „Flatiron“. Со инвестиција од 20 милиони евра, во општината Кисела Вода ќе се реализира најголемата домашна инвестиција во високоградбата. Поволната бизнис клима според бизнисменот Чифлиганец овозможи градежниот сектор да биде стожер на економијата.
„На Скопје, на македонската престолнина, и фалат стратешки, урбани, современи објекти, и со овој проект сакаме да дадеме голем придонес, урбаното, современо Скопје, со овој проект да го направиме уште поубаво. Постои поволна бизнис клима во градежниот сектор“, вели Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежна компанија.
Просечната цена на метар квадртен во главниот град изнесува околу 980 евра. Зависно од локацијата цените се движат од 900 до 1.200 евра. Според градоначалнкот Трајановски изградбата на нови станови ќе ја збогати понудата ќе донесе поголема ценовна конкуренцијата на пазарот на недвижности.
„Ова ја зголемува понудата на станбениот и деловен простор во градот Скопје, што секако ја зголемува и конкуренцијата, а се создаваат и подобри услови за бизнис и за живеење во градот. Со оваа инвестиција се покажува дека во градот Скопје и во Република Македонија има добра клима за инвестирање“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
Побарувачката на станови е зголемена поради ниските каматни стапки и добрата станбена политика- велат градежниците. Во изминатиот период, и преку владиниот проект „Купи куќа - купи стан“ до свој дом дојдоа повеќе од 600 семејства.
Дијана Ценевска
