Станоиздавачаите во Охрид се соочуваат со проблеми во шпицот на сезоната

31.07.2015 15:20

Според законот за туристичка дејност кој претрпе измени на барање на Хотелската асоцијација на Македонија, само едно лице во колективна зграда може да добие решение за издавање на станот. Локалната самоуправа одамна бара толкување на законот од Министерството за економија, но досега нема конкретен одговор...

Околу 420 станоиздавачи од колективните стамбени објекти во Охрид во шпицот на туристичката сезона не можат да ги продолжат или да добијат нови решенија за издавање на становите. Тоа нема да се одрази само на нивниот семеен буџет, туку ќе биде на штета на севкупниот туристички сектор, бидеќи сега ќе треба да се откажуваат резервациите направени пред неколку месеци.

„Сите лиѓе кои имааат направено резервации за овој период сега се ставени во незавидна положба и треба да ги откажуваат тие резервации.“

„Во екот на сезоната не можеме да ги откажеме резервациите. Значи бараме да се продолжи со издавањето на решенија за категоризација“, велат дел од станоиздавачите.

Има нелогичности во законот за туристичка дејност, велат од локалната самоуправа, бидеќи со него е предвидено во објект кој располага со најмалку 20 легла да може да се издаде само едно решение.

„Со елиминирање на оваа категорија на граѓани од легалното работење ќе се зголеми,односно ќе се иницира се повеќе сивата економија. Луѓето би работеле на црно со оглед на тоа што ова им е и единствениот приход“, вели Ѓоко АпостоловТЛЕР-Општина Охрид.

Локалната самоуправа веќе неколку месеци бара од Министерството за економија толкување на законот, но засега нема одговор. Доколку не се реагира брзо, може да се случи станоиздавачите да го добијат бараното по завршувањето на туристичката сезона од што корист нема да има никој.

 

Сашо Нелоски