Почина Џон Битов- постариот

31.07.2015 14:26

Битов ја зачна идејата дека дијаспората на Македонците треба да има своја организација во полза на економскиот развој на родната земја...

Почина Џон Битов- постариот, еден од најбогатите македонци преку океанот. Битов е роден во Торонто, во 1928 година, беше на чело на голема канадска корпорација за храна со 1.200 вработени и важеше за голем филантроп. Носител е највисокото признание за животно достигнување на Македонија, орденот „8-ми септември“.

„Џон Битов беше голем македонски родољуб и филантроп, кој ја сакаше Македонија и со зборови и со дела. Тој даде пример за тоа како треба да се промовира вистината на Македонија и како треба да се негуваат македонското име, идентитет и вредност. Во таа смисла, тој беше уверен дека никој не може да ни ја одземе нашата сопствена независна земја“ – напиша претседателот Иванов во писмото со сочувство до семејството Битов.

Битов ја зачна идејата дека дијаспората на Македонците треба да има своја организација во полза на економскиот развој на родната земја, што резултираше со основање на „Македонија 2025“.