Виртуозот Стефан Миленковиќ со „Танго компас“ на Охридско Лето
Публиката се уште го памети незаборавниот настап на Стефан Миленковиќ заедно со Влатко Стефановски, ова ќе биде уште еден пресек на танго од стари мајстори преку модерни како Пјацола- вели селекторот на музичката програма...

Виртуозниот српски виолинист Стефан Миленковиќ и словенечкиот хармоникаш Марко Хатлак, утре на сцената на Античкиот театар во Охрид ветуваат голема енергија, музички набој, страст и импровизација- сето тоа вклопено во неповторлив настап на „Танго компас“. Миленковиќ, покрај свиречкото мајсторство публиката ќе има можност да го види и како танчар. Стефан потенцира дека неговото долгогодишно учество е убаво тука, но претставува и одговорност што подобро да се претстави пред македонската публика.
Словенечкиот хармоникаш Хатлак, рече дека „Танго компас“ претставува спој на врвни уметници – солисти.
Публиката се уште го памети незаборавниот настап на Стефан Миленковиќ заедно со Влатко Стефановски, ова ќе биде уште еден пресек на танго од стари мајстори преку модерни како Пјацола- вели селекторот на музичката програма.
„Чудото од дете“ како што го нарекуваа Стефан Миленковиќ ги воодушевуваше љубителите на музиката низ целиот свет. Оттогаш мајсторот на виолина настапи со најреномираните светски оркестри и музички уметници.
Соработката со Марко Хатлак се случи пред неколку години- ги спои страста кон танго музиката што резултираше со основање на дуото „Танго компас“.
Александра Перевска
