Намалена цената на парното, продолжено времето за загревање
Приклучените на поранешната Топлификација, сега Балкан енерџи груп, ќе плаќаат 0,19 проценти помалку, на ЕЛЕМ енергетика за 0,86 насто, за корисниците на Скопје Север – цените остануваат исти. Помалку ќе плаќаат и исклучените потрошувачи и тоа за 0,75 проценти...

Пониски сметки за парно, продолжено време за загревање. Регулаторната комисија за енергетика ја направи новата пресметка, со пониски цени кои ќе важат од 1-ви август. Приклучените на поранешната Топлификација, сега Балкан енерџи груп, ќе плаќаат 0,19 проценти помалку, на ЕЛЕМ енергетика за 0,86 насто, за корисниците на Скопје Север – цените остануваат исти. Помалку ќе плаќаат и исклучените потрошувачи и тоа за 0,75 проценти.
„Кај портошувачите кои добиваат фактури за плаќање на надоместок по мерач, цената се намалува за 4%, а кај оние кај кои останува по метар квадратен се зголемува за 1%“, вели директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров.
Според одлуката на Комисијата, за градинките, основните и средните училишта кои се под Балкан Енерџи Груп цената на парното ќе се намали за 14,45 отсто. ЕЛЕМ енергетика, пак, просечната цена ја намалува за 0,86 проценти.
„Почнувајќи од следната грејна сезона во октомври со измените на соодветните правилници, граѓаните ќе добијат греење за дополнително уште еден час, за кој нема дополнителни трошоци“, нагласи Петров.
Новина е и што за почеток на грејната сезона нема повеќе да се чекаат температури по 12 степени во три последователни дена, туку прогнозата на УХМР за следниот ден ќе биде доволен сигнал системите веднаш да бидат склучени.
Викторија Милевска
