Законот за општа управна постапка драстично ќе ја намали бирократијата
Новиот закон за општа управна постапка ги намалува бирокатските процедури, ја зголемува ефикасноста и ги кастри трошоците за граѓаните и за компаниите. Сега целата постапка може да ја турка само една институција, преку едношалтерскиот систем, што значително ја олеснува работата...

Законoт за општа управна постапка има за цел да ја минимизира „бирократијата“, непотребниот формализам и одолговлекувањето на постапките и да ги скрати роковите за донесување на актите. Законот ќе ги намали и административните трошоци. Владата ги објаснува придобивките од законското решение.
Со законот за прв пат системски се уредува водењето на постапка преку едношалтерски систем кој ќе овозможи, на барање на странките, сите управни дејствија во конкретната постапка да ги спроведе јавниот орган.
На пример, во постапката за остварување на право за социјална парична помош, странката ќе се обрати само до Центарот за социјални работи од своето подрачје, а понатаму сите управни дејствија во постапката, односно прибирањето на документи ќе ги изврши Центарот за социјални работи во име и на сметка на странката.
Законот за општа управна постапка беше донесен заедно со законот за прекршоци и законот за парнична постапка за надминување на недостатоците со кои се соочуваат граѓаните и за фирмите во управната постапка.
Наташа Јанчиќ
