Владина седница за состојбата со поплавите
04.08.2015 10:26
Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев информираше дека за денеска премиерот Никола Груевски закажа владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи...

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи специјална седница за состојбата со поплавите.
Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев информираше дека за денеска премиерот Никола Груевски закажа владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи на која ќе се разгледаат состојбите и ќе се утврдуваат натамошните активности, пред се помошта за населението и субјектите.
