Потврдена смртта на четири лица во Тетовско, едно девојче исчезнато

04.08.2015 09:30

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица...

Х.Ф. (83), А.М. (14) и Р.А. (1,5) од Шипковица, како и А.И. (7) од Тетово се четирите жртви од вчерашното силно невреме во Тетовско, потврди утрово Секторот за внатрешни работи.
 
Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.
 
Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски.
 
Во Тетово се оштетени четири возила од паѓање гранки, дрва, предмети,... Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.
 
Како што информира полицијата, и Вратничкиот мост меѓугорно Орашје и Нераште е однесен.