Обама: Климатските промени се најголемата закана за светот

04.08.2015 09:43

Ништо не претставува таква закана за нашата иднина и идните генерации како климатските промени, рече Обама...

Американскиот претседател Барак Обама синоќа  и официјално го претстави правилникот за намалување на емисиите на гас од американските електроцентрали, порачувајќи дека климатските промени претставуваат една од најголемите закани со кои светот се соочува.
 
Ништо не претставува таква закана за нашата иднина и идните генерации како климатските промени, рече Обама.
 
Тој укажа дека проблемот на климатските промени се разликува од другите како по обемот, така и по специфичноста, кои доколку  не се сфатат на време, не можат да се променат, пренесоа светските агенции.
 
Американскиот претседател, исто така, ги отфрли критиките дека неговиот план ќе ги зголеми сметките за струја на граѓаните на САД, ќе им наштети на сиромашните и луѓето ќе ги остави без работа.
 
За правилникот за намалување на емисиите од штетен гас, Обама во Белата куќа кажа дека е најважниот чекор што САД го презел во борбата против климатските промени.