Помош од Скопје за Тетово

04.08.2015 11:22

На располагањето на Тетово му се ставени две цистерни за влечење вода и седум цистерни за носење вода, три противпожарни возила и пумпи...

Градските власти на главниот град испратија експерти, техничари и механизација во градот под Шара за справување со поплавите.

На располагањето на Тетово му се ставени две цистерни за влечење вода и седум цистерни за носење вода, три противпожарни возила и пумпи.

Од Штабот за заштита на Град Скопје велат дека ја следат состојбата и ако е потребно ќе испратат дополнителна помош.