Хрватска ја одбележува 20-годишнината од акцијата „Бура“
04.08.2015 12:06
На Денот на победата, 3 илјади војници, 300 возила и 30-тина авиони ќе учествуваат во маршот низ Загреб, меѓу кои повеќе од 400 ветерани...

Со голема воена парада, Хрватска ја одбележува 20-годишнината од акцијата „Бура“ која почна со напад на хрватската армија во Книн врз војската на Српска Краина.
На Денот на победата, 3 илјади војници, 300 возила и 30-тина авиони ќе учествуваат во маршот низ Загреб, меѓу кои повеќе од 400 ветерани. Истовремено, четири ракетни бродови од хрватската флота и два брода од крајбрежната стража ќе испловат во Брачкиот канал.
Србија со парастос го одбележа прогонот на околу 220 илјади хрватски Срби.
