Маж и жена тешко повредени, со автомобил удриле во воз
04.08.2015 13:29
Во тешка здравстена состојба, со скршеници на градниот кош и внатрешно крварење, жената итно е пренесена на скопските клиники, додека мажот е задржан во штипската болница...

Маж и жена од светиниколското село Ерџелија се тешко повредени, откако автомобилот со кој патувале се судрил со воз на пругата во близина на селото Кадрифаково, Штипско.
Во тешка здравстена состојба, со скршеници на градниот кош и внатрешно крварење, жената итно е пренесена на скопските клиники, додека мажот е задржан во штипската болница.
Возачите кои често минуваат по овој железнички премин велат дека нема соодветна сигнализација која ќе ги предупредува.
Пред речиси една година, се судрија воз и автобус кај Лозово и тогаш беа повредени над 30 лица.
