Големи поплави во Индија, над 180 жртви

04.08.2015 13:44

Ситуацијата е најкритична во Западен Бенгал, Раџастан, Гуџарат и Одиша...

Неколкудневни монсунски дождови предизвикаа големи поплави во Индија во кои загинаа најмалку 180 луѓе, а над еден милион се евакуираа од најзагрозените подрачја.

Ситуацијата е најкритична во Западен Бенгал, Раџастан, Гуџарат и Одиша. Реките се прелеваат и ги влечат патиштата, а свлечишта предизвикаа големи материјални штети.

Властите отворија 1.600 кампови за згрижување на евакуираното население.