Во напад на ПКК, загинаа двајца турски војници
04.08.2015 13:49
Експлозијата предизвикала престрелка меѓи двете страни...

Двајца турски војници загинаа, уште двајца се ранети во експлозија на мина на југоистокот на земјата.
Се верува дека зад нападот стојат припадници на Работничката партија на Курдите, кои ја активирале експлозивната направа со далечинско, додека воениот конвој поминувал покрај неа.
Експлозијата предизвикала престрелка меѓи двете страни.
