Екипи на ЕВН ги острануваат дефектите од невремето

04.08.2015 13:55

Од силниот дожд и ветер, информираат од ЕВН Македонија, имаше дефекти на 10 киловолтниот далновод. За кратко време на истиот ден сите далноводи беа санирани и пуштени под напон, соопштуваат од ЕВН Македонија...

По синоќешното невреме во кавадаречкиот регион во кое неколку села останаа без струја екипи на ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектите.   
 
Од невремето што го зафати кавадаречкиот регионот без електрична енергија беа селата Ваташа, Трстеник, Возарци, Дисан, Сопот и Елро. Од силниот дожд и ветер, информираат од ЕВН Македонија, имаше дефекти на 10  киловолтниот далновод. За кратко време на истиот ден сите далноводи беа санирани и пуштени под напон, соопштуваат од ЕВН Македонија.
 
Екипите на ЕВН  Македонија, се вели во информацијата, се на терен и работат на отстранување на дефектите од силното невреме кое вчера ја зафати Македонија.