Прилепскиот кризен штаб презема мерки за санација на штетите од невремето
04.08.2015 14:27
Се поправаат дефектите на водоводната мрежа, се мијат улиците и се расчистуваат паднатите дрвја. Упатен е и апел до граѓаните за пријавување на штетите...

Кризниот штаб во Прилеп веќе ги презеде првичните неопходни мерки за санација на штетите од вчерашното невреме.
Се поправаат дефектите на водоводната мрежа, се мијат улиците и се расчистуваат паднатите дрвја. Упатен е и апел до граѓаните за пријавување на штетите.
Досега над 40 пријави за претрпени штети се доставени до Комисијата за елементарни непогоди, чии членови се на теренот.
