Почна селекцијата на кандидатите за полицајци

04.08.2015 14:30

На карајот од месецов ќе бидат избрани најдобрите 660 кандидати кој ќе ја отпочнат едногодишната обука во Центарот во Идризово...

Почна селекцијата на физичката подготвеност на кандидатите за полицајци. На огласот се пријавиле 2.622-ца. Според МВР ова е солидна бројка за да се изберат најдобрите коишто ги исполнуваат условите да ја носат сината униформа.

Ќе следи и психолошко и писмено тестирање. На карајот од месецов ќе бидат избрани најдобрите 660 кандидати кој ќе ја отпочнат едногодишната обука во Центарот во Идризово.

Паралелно со оваа селекцијата за полицајци се одвива и селекцијата на 52 извршители со високо образование.