Владата ќе ги обесштети поплавените семејства во Тетовско
Eднократна парична помош од по 30.000 денари државата ќе им исплати на семејствата зафатени со синоќешното силно невреме во Тетовско...

По 30 илјади денари еднократна парична помош ќе добијат семејствата погодени од поплавите во Тетовско и во регионот – одлучи Владата на денешната седница. Ќе биде формирано Координативно тело кое ќе врши проценка на штетите.
Координативното тело во рок од ден-два ќе утврдува список на семејства кај што ќе биде доделена еднократна парична помош, по што ќе продолжи со проценка на целото оштетување на имотите од поплавите со што ќе биде утврдена и висината на штетата и помошта што ќе ја даде Владата.
Оштетени се околу 200 објекти приватен и државен имот. Центарот за Јавно здравје ќе го испитува квалитетот на водата за пиење.
