Градоначалникот Трајановски го посети Тетово
На терен екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираа при санирање на штетите од силното невреме кое вчера го зафати овој дел од државата...

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, денеска беше во посета на Тетово, по силното невреме и поплавите што вчеравечер го зафатија градот и неговата околина.
На терен екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираа при санирање на штетите од силното невреме кое вчера го зафати овој дел од државата. На терен работеа екипи од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, каде што луѓе и механизација од јавните претпријатија „Водовод и канлизација“, „Комунална хигиена“ и Противпожарната бригада на Град Скопје работеа на расчистување на сообраќајниците во Тетово и регионот, како и чистење на атмосферските и фекалните мрежи.
На терен екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје се во постојана комуникација и координација со службите на единиците на локалната самоуправа од овој регион, како и со екипите на Центарот за управување со кризи, и доколку има потреба ќе биде испратена дополнителна помош.
