Музичката атракција „Хауард Госпел“ за 55-от роденден на „Охридско Лето“

04.08.2015 16:10

55-от роденден фестивалот „Охридско Лето“ го одбележува со настапот на уште една светска музичка атракција „Хауард Госпел“ хорот од САД. Се очекува фестивалската публика вечерва во Античкиот театар да има уште едно незаборавно музичко доживување кое долго ќе остане во сеќавањата на сите...

Членовите на „Хауард Госпел“ хорот од Вашингтон му го честитаа 55-тиот роденден на Фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за првиот академски хор од ваков вид во светот, основан во 1968 година, кој е составен од сегашни и поранешни студенти на Харвардскиот универзитет и од пасионирани љубители на хорската музика.

„Многу сме возбудени што за прв пат сме тука во Македонија. Поминуваме убави мигови тука, градот е волшебен, но и вие сте прекрасен народ.

Ви благодариме што не поканивте да бидеме дел од овој фестивал. Секаде каде што одиме, вклучувакќи ја и Македонија го презентираме најдоброто од нас, а тоа е госпел музиката.

Вечерва ќе приредиме прекрасен концерт, ќе пееме традиционална, модерна и црковна госпел музика. Ќе уживате во она што за вас ќе го пееме“, велат членови на хорот.

Веќе неколку години наназад на публика во Античкиот театар на роденденот на фестивалот и се нудат несекојдневни и спектакуларни настани кои долго ќе се паметат.

„Можеме оваа година да се пофалиме дека фестивалските настани беа многу посетени странската публика. Спојот на културата, културното наследство и туризмот покажаа дека можат да бидат добра основа за заеднички проекти и промоција како на фестивалот, така и на градот и туризмот“, изјави Елизабета Јанкуловска, директор на Фестивалот „Охридско лето“.

„Педесет и пет години Фестивалот „Охридско лето ги стигаше и достигнуваше највисоките врвови на светската музичка елита“, вели Гордана Јосифова Неделковска-мизички селектор.

Да потсетиме дека историјата на Охридско лето започна на 4 август во далечната 1961 година со настапот на оперската дива,Ана Липша Тофовиќ,по што на фестивалските сцени продефилираа врвни светски имиња од музичката и драмската уметност.

 

Сашо Нелоски