Прилеп: Се санираат последиците од поплавите, граѓаните пријавуваат штети

04.08.2015 16:28

Прилеп се чисти од последиците од вчерашното неврме со пороен дожд. Прилепчани веќе ги пријауваат штетите, комисиите се на терен, стигнуваат и барањата на прилепчани за процена на штетите во нивните домови...

Прилеп се стабилизира по вчерашните поројни дождови. Денеска се санираат последиците, а веќе пристигнуваат и барањата на граѓаните за процена на штетит.

Вчерашното илно невреме со дожд од 40 литри на метар квадратен за само 30 ина минути донесе поплавени приземја, подруми, објекти и улици. Некои биле на одмор па ги затекнал домот под водаНајзагрозени беа населбите Бончејца, Тризла и дел од населбата Рид.

„Вкупно околу 50 ина пријави имаме, од кои 25 пријави се за поплавени подруми. На сите е интервенирано. Синоќа од 23 и 24 часот екипите работеа на терен и кај сите е интервенирано“, вели Никола Димески, претседател на Кризниот штаб во Прилеп.

Центарот за јавно здравје ќе интервенира превентивно во поплавените објекти.Стигнуваат и барањата на прилепчани за процена на штетите. Комисиите на терен.

„Граѓаните кои имаат штети од вчерашното невреме да поднесат барање до приемното одделение на општина Прилеп и комисиите веднаш ќе излезат на терен и ќе постапат по истите. До 11 часот имаше поднесено оклу 11 баеања“, изјави Александар Неделкоски, претседател на општинската комисија за елементарни непогоди.

Комуналните претпријатија со полни раце работа. Се чистат одводните мрежи, и наносите од кал. Ќе се работи и наредните денови.

„Имаме повеќе наноси во „Тризла 1“ и „Тризла 2“ и нешто во населбата „Бончејца“. Во денешниот ден таму работиме во отстранување на наносите“, вели директорот на ЈКП „Комуналец“,  Златко Ристески.

Засега Прилеп сам се справува со последиците од поројните дождови. Институциите се мобилни поради најавите на нови врнежи.

 

Елизабета Митреска