Полог: Земјоделците во очај, од родот не остана ништо
Поплавите однесоа животи, уништија домови, но го столчија и земјоделскиот род. Фармерите велат – не паметат вакви поплави. Агроексперти порачуваат - земјоделството е ризична дејност, оттука и потребата имотот да се осигура...

До нивите едвај стасавме. Каналите се прелеваат, во нивите се пропаѓа. Порој, Доброште, Џепчиште се само некои од селата кои пробавме да ги посетиме во Полошкиот регион. Од родот не остана ништо, реките носеле сè пред себе. Земјоделците во очај.
Комисиите за проценка на штети се на терен. Бевме и во Теарце, таму уништени градинарските култури, пченката и лубениците.
Ова се случува ретко вели еден земјоделец кој целиот живот работи на своите пет хектари. Свесен е за ризиците што ги носи земјоделието, но никогаш да го осигурал својот род.
Поплавите во летните месеци се реткост, вели агроекспертот Борис Анакиев. Смета дека сега штетите се поголеми дури и од пролетните непогоди, апелира стручните служби со совети да им помогнат на земјоделците.
За нив, пак, очекува конечно да ја научат лекцијата дека осигурувањето на имотот е неопходно.
Според податоците, македонското земјоделство е осигурано едвај 4 проценти. Градот, поплавите, болестите станаа чести, без разлика на годишната сезона.
Дијана Ценевска
