Ден на жалост во Тетово

05.08.2015 10:51

Ден на жалост во Тетово за настраданите во полавите. Четири жртви од силното невреме во понеделникот. Три деца и 83 годишен жител. Десетици луѓе беа повредени...

Во Тетово денеска и утре е ден на жалост. Одлуката ја донесе вчера Советот на Општина Тетово по завчерашното силно невреме во Тетовско  во кое починаа четири лица, едно девојче се води за исчезнато, а најмалку 11 се повредени.

Во невремето починаа Х.Ф. (83) и А.М. (14) од Шипковица, А.И. (7) од Тетово и Р.А. (15) од Шипковица.  Причинета е и голема материјална штета на приватни и државни имоти, објекти, инфраструктура, земјоделски земјишта.

Над 200 објекти, според првичните информации, се значително оштетени. Висината на штетите ќе ја проценува Комисија формирана од Владата, со чија одлука погодените семејства ќе добијат еднократна парична помош од по 30.000 денари.