Излетаа два воза во Индија, над 32 жртви

05.08.2015 11:36

Според првичните информации, главната причина за смртта на патниците е струен удар...

Најмалку 32 лица загинаа, 40 се повредени и петмина се водат како осчезнати при излетување на два воза од шините во индиската држава Мадја Прадеш.

Локалната полиција соопшти дека двата воза, кои се движеле во спротивна насока, излетале од шините околу полноќ.

Надојдената река го поплавила мостот и ја поместила основата врз која биле поставени шините.

Според првичните информации, главната причина за смртта на патниците е струен удар. Повеќе од 300 патници се евакуирани.