Сириза ги почнува подготовките за партискиот конгрес

05.08.2015 11:37

Членовите на партиското тело оваа недела ќе почнат со именување на членовите на двете комисии кои ќе го изготват дневниот ред на конгресот во септември...

Политичкиот секретаријат на грчката владејачка партија Сириза, синоќа одржа состанок со што ги почна подготовките за итниот партиски конгрес што треба да се одржи следниот месец, на кој треба да бидат решени разликите во рамките на партијата околу третата финансиска помош за земјата.

Членовите на партиското тело оваа недела ќе почнат со именување на членовите на двете комисии кои ќе го изготват дневниот ред на конгресот во септември.

Во меѓувреме, владини претставници се почесто зборуваат за можноста за предвремени избори на есен.