Во хеликопотерска несреќа во Колумбија загинаа 16 полицајци

05.08.2015 11:39

Во хеликоптерот имало 18 лица, од кои 16 загинале а двајца се ранети. Во тек е истрага за несреќата...

16 полицајци загинаа во хеликоптерска несреќа во Колумбија за време на изведување акција против кланот „Усуга“, најголемиот наркокартел во земјата. Во хеликоптерот имало 18 лица, од кои 16 загинале а двајца се ранети. Во тек е истрага за несреќата.

Според информациите, можна причина за уривањето е слабата видловост поради густата магла поради што хеликоптерот со брзина од речиси 180 километри на час удрил во карпа.