Згрижени ќе бидат 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица
Како што изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, веќе се обезбедени и првичните количини вода, храна, средства за хигиена, дезинфекција и ќебиња...

Црвениот крст на Македонија денеска ќе згрижи околу 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица кои, според првичните проценки, се најоштетени и загрозени од завчерашните врнежи.
Како што изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, веќе се обезбедени и првичните количини вода, храна, средства за хигиена, дезинфекција и ќебиња.
Нашите тимови се постојано на терен, даваат препораки и во целост ја следат состојбата, истакна Саити по денешното примање на донацијата од австрискиот Црвен крст за македонските болници.
Состојбата во Тетовско се следи континуирано и од здравствен аспект. Направен е целосен увид во водоводната и канализациската мрежа. По расчистувањето на теренот, ќе почне и дезинфекцијата.
