Американска воена делегација во посета на Македонија
Генралот Вилијам Фрејзер Трети кој што ја предводеше делегацијата истакна дека граѓаните треба да се горди на АРМ која што значително придонесува заедно со своите сојузници во градењето на просперитетна и стабилна земја која цврсто чекори на патот кон Евроатлантските интеграции...

САД се големи подржувачи на реформите во одбранбениот систем и ја гледаат Македонија како голем пријател и сојузник во учеството во мисиите за обезбедување на светскиот мир и безбедност, оцени министерот за одбрана Зоран Јолевски на средба со делегацијата на Американската армија.
Ја искористив средбата да ги презентирам аргументите зошто Република Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО. Република Македонија останува посветена на процесот, под покровилтество на ОН, да се најде заедничко прифатливо решение со нашиот јужен сосед. Македонија што поскоро треба да добие покана за членство во НАТО бидеќји тоа го заслужува со реформите во областа на одбраната, а исто така тоа ќе придонесе да се зајакне стабилноста, не само во Република Македонија, туку во регионот, во Европа во целина, рече Јолевски.
Генралот Вилијам Фрејзер Трети кој што ја предводеше делегацијата истакна дека граѓаните треба да се горди на АРМ која што значително придонесува заедно со своите сојузници во градењето на просперитетна и стабилна земја која цврсто чекори на патот кон Евроатлантските интеграции.
Горди сме што може да ја нарекуваме Македонија наш партнер, сојузник и пријател и со нетрпение очекуваме да ја видиме како го исполнува својот целосен потенцијал на силна, енергична и просперитертна демокартија, целосно интегрирана во евраоталнтската заедница, рече Фрејзер на заедничката прес-конференција со министерот Јолевски.
