Полицијата откри насад со марихуана во Радовишко
05.08.2015 13:08
Засадена била на површина од околу 50 метри квадратни во 16 реда. Станува збор за 147 стебла канабис сатива...

Откриен насад со марихуана во близина на село Бучим, Радовишко. Засадена била на површина од околу 50 метри квадратни во 16 реда. Станува збор за 147 стебла канабис сатива.
Просторот околу него бил ограден со метална и заштитна мрежа. Биле одгледувани на обработливо земјиште. По наредба на судија на претходна постапка биле приведени тројца. Двајца од Радовиш и еден турски државјанин со привремен престој.
Бил извршен и претсрес во нивните домови. На тројцата им е одредена мерка претпазливост – повремено јавување во полициска станица.
