Не запира бранот мигранти, вчера издадени 775 потврди за барање азил

05.08.2015 13:15

За едно деноноќие полицијата издала 775 потврди на лица кои изразиле намера за барање азил во земјава. Меѓу нив и 188 деца...

Се уште не запира бранот мигранти. За едно деноноќие полицијата издала 775 потврди на лица кои изразиле намера за барање азил во земјава. Меѓу нив и 188 деца.

Бројката издадени потврди се искачи на 26 илјада и 500, а на барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда 41, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Триесет и едно барање за азил се од државјани на Сирија, од кои 10 за деца, три од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак  од кои едно е за деца, како и едно барање од државјанин на Египет.

Полни раце работа имал и Црвениот крст. Прва помош дале на 90- тина лица.