Ал Каеда повика на напади на Америка и на Франција
05.08.2015 13:50
На снимката зборува официјалниот претставник на организацијата Ал Кинди кој порачува дека ќе го казнат секој кој ја минува границата и кои го навредуваат исламот...

Терористичката организација Ал Каеда од Арапскиот полуостров објави видео снимка во која ги повикува „волците самотници“ да ги нападнат САД, Франција и останатите невернички држави.
На снимката зборува официјалниот претставник на организацијата Ал Кинди кој порачува дека ќе го казнат секој кој ја минува границата и кои го навредуваат исламот.
Тој меѓудругото го фали вооружениот маж кој минатиот месец во американската држава Тенеси уби четири маринци.
