Русија: Судир на два автобуса, 12 загинати

05.08.2015 13:58

Автобусите се судриле на место во близина на руската граница со Кина...

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во судир на два автобуса на истокот во Русија. Автобусите се судриле на место во близина на руската граница со Кина.

Руското министерство за внатрешни работи, пак, тврди дека повеќе од 60 лица биле повредени, меѓу кои и три деца. Дете има и меѓу 12-те загинати.