Извозот во првите шест месеци од годинава речиси 2 милијарди евра
Според статистика, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи)...

Речиси 2 милијарди евра инесува вредноста на извозот во првата половина од 2015-та година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот од јануари до јуни изнесува 120.312.877.000 денари односно 1.953.215.000 евра.
Вкупната вредност на увозот во истиот период изнесува 2.787.458.000 евра. Трговскиот дефицит според статистиката, изнесува 51.384.813.000 илјади денари или 834.243.000 евра. Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-јуни годинава е 70,1 процент.
Според статистика, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи).
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
