Големи штети од врнежите, уништени речиси 250 хектари земјоделско земјиште
Според првичните проценки, речиси 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви се уништени. Увид направи заменик- министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски...

Големи се штетите од врнежите во земјоделството. Според првичните проценки, речиси 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви се уништени. Увид направи заменик- министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.
„Состојбата е многу тешка и трагична. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите кои навистина претрпеа големи загуби. И земјоделците претрпеа огромни штети, но многу скоро ќе биде извршена реална и објективна проценка на штетите и како што беше владината одлука за ургентна помош од 30.000 денари за оштетените домови, ќе биде определена и помош за првично обесштетување на земјоделците“, изјави Костадиновски.
