Американска поддршка за реформите во одбраната
САД остануваат голем поддржувач на Македонија во реформите во одбраната - порака од генералот Фрејзер. Ќе има обука на офицери по американски стандарди...

САД остануваат голем подржувач на Македонија во спроведување на реформите во областа на одбраната - порака од американскиот генерал Вилијам Фрејзер Трети кој ја води делегацијата која престојува во посета на земјава. Вели дека неговата земја е горда на долгогодишното партнерство и ќе останат посветени на идната соработка и на регионално и на глобално ниво.
„Горди сме што може да ја нарекуваме Македонија наш партнер, сојузник и пријател и со нетрпение очекуваме да ја видиме како го исполнува својот целосен потенцијал на силна, енергична и просперитертна демокартија, целосно интегрирана во евраоталнтската заедница“, нагласи генералот Фрејзер.
Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ) рече дека македонските вооружени сили со години докажуваат дека се подготвени да бидат дел од НАТО. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски најави дека во соработка со САД ќе се обучуваат офицери.
„Ја искористив средбата да ги презентирам аргументите зошто Република Македонија заслужува да добие покана за членство во НАТО. Република Македонија останува посветена на процесот, под покровилтество на ОН, да се најде заедничко прифатливо решение со нашиот јужен сосед. Македонија што поскоро треба да добие покана за членство во НАТО бидеќји тоа го заслужува со реформите во областа на одбраната, а исто така тоа ќе придонесе да се зајакне стабилноста, не само во Република Македонија, туку во регионот, во Европа во целина“, рече министерот Јолевски.
КАПСТОН програмата, во чии рамки е претојот на американските гости, е дизајнирана со цел новопромовираните генерали на Воените сили на САД, изворно да се запознаат со организацијата и структурата на одбраната и политичкиот систем.
Игор Панов
