Нови евтини кредити за компаниите
Месецов, нови свежи пари за компаниите од евтината кредитна линија на Европската инвестициска банка. Се ситни четвртата транша од 100-те милиони евра за фирмите...

Финансиска инјекција за компаниите под поволни услови. Месецов на располагање на домашниот приватен сектор му се ставаат нови свежи пари, преку евтините кредити од Европската инвестициска банка. Средствата се од четвратата линија вредна 100 милиони евра, од која се веќе искористени 60 проценти.
„Покрај овие 61,7 милиони евра кои се веќе лоцирани кон компаниите, во процес на обработка се барања на уште 61 компанија во вредност од околу 6,7 милиони евра со кои се предвидува отворање на 100 нови работни места, МБПР активно работи на нив и се очекува кон крај на август почеток на септември овие сресдтва да станат достапни за компаниите“, изјави Александар Ѓоргиев, портапарол на Влада на РМ.
Кредитите се со субвенционирана каматна стапка од 5,5 проценти и се наменети за инвестиции и за обртни средства. Статистиката на надлежните покажува дека само со четвртатата линија се поддржани 303 проекти и отворени повеќе од илјада работни места.
„И во новата програма ветуваме дека ќе има уште една таква кредитна линија од 100 милиони евра што сигурно ќе ги покрие народните година ипол- две, со 5,5 отсто камата за фирмите. Можеби многу од вас кои немаат свои форми и свој бизнис ќе речат па што имам јас од тоа, имате многу, затоа што сите вие кои што работите во приватни фимри, треба да знаете дека работите затоа што тие приватни фирми опстојуваат, а опстојуваат затоа што многу им се помогна од страна на државата, и со евтини камати и со поволни кредити и со многу мерки, многу намалувања на даноци“, изјави премиерот Никола Груевски.
Со сите кредитни линии, вредни 350 милиони евра, досега се поддржани 1.522 проекта, а отворени 6.344 работни места. Најголем дел од парите завршија кај производствените компании, но и кај трговците, градежниците, хотелиерите.
Се работи за кредити кои за првпат ни станаа достапни во еконот на должничката криза, како помош за малите и средните фирми, а потоа станаа главен извор на свеж капитал.
Наташа Гркова- Петрушевска
