Невремето го уништи родот на земјоделците

05.08.2015 16:56

Земјоделците претрпеа големи штети од невремето во Тетовско. По поројните дождови остана без својот род. Уништени повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви. По проценка на штетите, ќе биде утврдена помош за првично обесштетување...

Поплавени над 250 хектари земјоделско земјиште, уништени ниви и посеви компир, грав, пченка, расипана сточна храна, угината стока. Ова се првичните податоци од терен во Голема  Речица по страотното невреме.

Надлежните во посета на земјоделците– најавија објективна проценка на штетите за  првично обесштетување.

„Во овој момент сакам да извршам и дополниелен увид во парцелите, односно онаму каде целосно се уништени посевите, а исто така да сголедаме и некоја можност за она што вчера го договоривме како координативно тело, да видиме што можеме да помогнеме кај земјоделците, од она што е ургентно“, изјави заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.

Маката е голема. Овој земјоделец без надеж се враќаше од својата нива, сè е уништено, вели. Наместо берба, голема штета. Водата го однесе родот.  

„Се е поплавено, се е уништено, имам три хектари“, вели земјоделецот Бекири Ариф.

Годинава тетовскиот грав, брендот на овој регион, ќе го нема на тезгите и трпезите.   

„Повеќе од ова, никогаш не сме имале ваква поплава. Сме имале, ама вака не било. Штета има на компирот, гравот, пченката“, изјави земјоделецот Сефер Љоки. 

И денеска со багери се расчистуваше патот за да се отстранат дрвјата и големите камења кои ги има во нивите.

 

Дијана Ценевска