Поднесено обвинение за сообраќајката кај ТЦ Зебра

05.08.2015 17:26

Возачот ќе одговара кривично за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот...

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинителен акт за сообраќакната несреќа кај трговскиот центар Зебра, во која животот го загуби Сузана Тодоровска Павловска – новинар во Македонското радио.

Возачот ќе одговара кривично за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Според истрагата обвинетиот под дејство на алкохол и наркотични средства го управувал возило со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во сега починатата.

Обвинителството до Кривичниот суд побара и продолжување на мерката – притвор.