Голема антитерористичка операција на МВР против припадници на ИСИС

06.08.2015 08:05

Се вршат претреси и апсења во неколку градови истовремено. Досега во Скопје, Струга и Куманово се приведени неколку лица, а сеуште траат претреси во објекти во Гостивар и на други места...

Во тек е голема антитерористичка акција на МВР насочена против припадници на Исламската држава (ИСИС) во земјава, како и лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации, дознава МРТ.

Се вршат претреси и апсења во неколку градови истовремено. Досега во Скопје, Струга и Куманово се приведени неколку лица, а сеуште траат претреси во објекти во Гостивар и на други места. 

Се врши претрес и во придружен објект на џамија во Скопје, која подолг период наназад беше надвор од контрола на ИВЗ.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.