Зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата
06.08.2015 08:49
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ...

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.
Кај с. Порој се уште е во прекин регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен се корисити патот низ с.Порој. Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г.Орашје и Нераште.
Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози.
