Исламска држава и се закани на Меркел

06.08.2015 10:33

Тие се заканиле дека ќе изведат терористички напади во Германија, поради, како што велат, крвопролевањето во Аавганистан...

Во видео снимка за која се верува дека е прва на припадник на Исламска држава на германски јазик, џихадистите лично и се закануваат на Ангела Меркел.

Тие се заканиле дека ќе изведат терористички напади во Германија, поради, како што велат, крвопролевањето во Аавганистан.

Исламистите ги повикуваат европските муслимани да и се придружат на Исламска држава во Сирија и Ирак и да се приклучат кон џихадот.