Киднапиран Хрват во Eгипет
06.08.2015 10:41
Египетскиот огранок на Исламска држава во видео снимка се заканува дека ќе му ја отсече главата на киднапираниот Хрват кој работи во француска компанија...

Министерка за надворешни работи на Хрватска, ќе отпатува во Каиро поради заложничката криза во која исламистичките екстремисти се закануваат дека во рок од 48 часа ќе го убијат хрватот Томислав Салопек доколку египетската влада не го исполни нивното барање.
Салопек беше киднапиран на 22 јули во Каиро. Египетскиот огранок на Исламска држава во видео снимка се заканува дека ќе му ја отсече главата на киднапираниот Хрват кој работи во француска компанија, доколку египетските власти не ослободат уапсени муслиманки.
