Убиен вооружен напаѓач во кино сала во Нешвил

06.08.2015 10:53

Инцидентот во Нешвил доаѓа само две недели по сличен таков напад во кино сала во градот Лафајет, во сојузната држава Луизијана...

Американската полиција убила вооружен маж, откако ги нападнал посетителите на една кино сала, во предградието на градот Нешвил, во сојузната американска држава Тенеси. Во инцидентот биле повредени уште четири лица, меѓу кои и еден полицаец.

Инцидентот во Нешвил доаѓа само две недели по сличен таков напад во кино сала во градот Лафајет, во сојузната држава Луизијана.

Во 2012 година во кино сала во Колорадо вооружен маж  уби 12, а повреди 70 луѓе.