Пет лица убиени во Акапулко
06.08.2015 11:17
Убиството се случило во 2 часот изутрината откако луѓето го затвориле ресторанот и со такси тргнале да си одат...

Четири работници во ресторан во мексиканското летувалиште Акапулко и еден таксист биле изведени од возило и биле убиени.
Убиството се случило во 2 часот изутрината откако луѓето го затвориле ресторанот и со такси тргнале да си одат.
Акапулко бележи пораст на насилството кое се смири во 2014 година. Во градот со 800 илјади жители во првите 6 месеци годинава се регистрирани 404 убиства.
Не е позната причината за убиството.
