Хирошима одбележува седум децении од нуклеарниот напад

06.08.2015 11:23

Во 8 часот и 15 минути, точно кога бомбата експлодира на 6-ти август 1945 година, граѓаните на Хирошима со молчење го проследија традиционалното одѕвонување на Ѕвоното на мирот...

Хирошима денеска одбележува седум децении од нуклеарниот напад кога американското воено воздухопловство со бомбардерот Енола-геј ја фрли нуклеарната бомба која предизвика смрт на 140 илјади жители.

Три дена подоцна нуклеарен напад е извршен и врз Нагасаки со што Јапонија потпиша капитулација во Втората светска војна, три месеци по завршувањето на војната во Европа.

Во 8 часот и 15 минути, точно кога бомбата експлодира на 6-ти август 1945 година, граѓаните на Хирошима со молчење го проследија традиционалното одѕвонување на Ѕвоното на мирот.

Бомбата во Нагасаки предизика смрт на дополнителни 40 илјади жители на градот.