Полициска операција против Исламска држава, привердени 9 лица кои регрутирале македонски државјани
На листата на оние што треба да се приведат неофицијално се уште 27 македонски државјани кои војуваат за Исламска држава на Блискиот Исток. Приведен е и Реџеп Мемиши, самонаречениот имам на Тутунсуз џамијата во Скопје, којашто извесно време веќе не е под надлежност на Исламксата верска заедница...

Македонските безбедносни сили се справуваат со припадници на Исламска држава во земјава. Во опсежната антитерористичка акција на Министерството за внатрешни работи се привердени 9 лица кои регрутирале македонски државјани за воените дејствија на џихадистите во Сирија.
На листата на оние што треба да се приведат неофицијално се уште 27 македонски државјани кои војуваат за Исламска држава на Блискиот Исток. Приведен е и Реџеп Мемиши, самонаречениот имам на Тутунсуз џамијата во Скопје, којашто извесно време веќе не е под надлежност на Исламксата верска заедница.
Полициската операција се спроведува во Струга, Куманово, Гостивар, а во Скопје во улиците „Дижонска“ и „Серава“ како и во близина на „Јаја паша џамијата“.
Во тек е распитот на приведените лица пред истражниот судија во претходна постапка во Кривичниот суд- Скопје.
Повеќе детали за операцијата се најавуваат во текот на денот.
