Албански државјани незаконски ловеле пастрмка во Охридско Езеро
Во близина на граничното струшко село Радожда, во македонските територијални води, пет албански државјани- риболовци се затекнати во нелегален риболов...

500 метри рибарски мрежи, триесет килограми риба и стотина примероци риболовна опрема се одземени при патролирањето на Охридската гранична полиција. Во близина на граничното струшко село Радожда, во македонските територијални води, пет албански државјани- риболовци се затекнати во нелегален риболов.
Притоа, тие ги фрлиле мрежите и целокупниот рибарски алат и со чамецот се обиделе да пребегаат во Албанија. Поради илегален премин на државната граница и незаконит риболов, криволовците се приведени, а во нивните чамци се пронајдени уловот од пастрмка и белвица.
Исто така, полициските службеници повеле прекршочна постапка против седум наши државјани поради незаконски лов со мрежа во Охридското Езеро.
