Парична помош од Општина Гостивар за настраданите во Тетовско
06.08.2015 14:32
Се солидаризираа и советниците донирајќи го месечниот паушал. Вкупниот износ достигна 1.120.797 денари...

По иницијатива на градоначалникот Невзат Бејта, Советот на општина Гостивар усвои одлука за распределба на 600 илјади денари за Тетово.
Се солидаризираа и советниците донирајќи го месечниот паушал. Вкупниот износ достигна 1.120.797 денари.
Општина Гостивар уште ноќта кога започна невремето, кон Тетовско испрати градежна механизација, а во готовност стави и екипи од Комуналното претпријатие и Противпожарната единица.
