Се расчистуваат последиците од невремето во Тетовско

06.08.2015 15:08

Со механизација се расчистуваат урнатините од селата Шипковица, Голема и Мала Речица...

Се бројат и се расчистуваат последиците од невремето во Тетовско. Со механизација се расчистуваат урнатините од селата Шипковица, Голема и Мала Речица.

Во Шипковица од денеска има струја. Наносите од камења и земја целосно го уништија водоводниот систем. Вода за пиење нема ниту во Голема Речица, кадешто од поплавите и од ерозијата на земјата, домаќинствата претрпеа огромни загуби.

Војската и натаму целосно вклучена во расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме.

Во обиколка на Шипковица денеска е и министерот за одбрана Зоран Јолевски како и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.